Околу 80 отсто од младите во Струмица би се иселиле од земјава

Од:

На прашањето „Дали би се иселиле од Македонија“, 272 или 79% одговориле со „да“ и 74 или 21% со „не“, покажува анкетата на платформата „Граѓанска демократија“ чии резултати беа презентирани деенска во Струмица.

Анкетата е спроведена на територија на општина Струмица, во градот и населените места, на 346 испитаници на возраст од 18 до 32 години, притоа запазувајќи го родовиот баланс, и содржи 7 прашања.

Дали имаат член од семејството или нивното опкружување кои ја напуштиле државата, 78% рекле „да“, а 22% „не“.

На следното прашање, да наведат бројка на луѓе од нивното потесно опкружување кои ја напуштиле земјава, најчестите одговори се „од 1 до 10“ и „од 10 до 20“.

Дури 82% од испитаниците сметаат дека владините политики влијаат врз иселувањето на младите од државата.

– На прашањето кои се основните причини за иселување, 82,4 % сметаат дека се од „материјален т.е. егзистенцијален карактер“, а само 0,6% од „духовен“, што покажува дека тврдењето на професорката Тања Каракамишева дека младите се иселуваат поради духовна празнина или невозвратена љубов, не е точно. Дури 60% од младите луѓе не веруваат дека условите во нашата држава ќе се подобрат. И на последното прашање, дали поседуваат друг пасош освен македонски, 75% одговорија со „не“, а 25% или една четвртина од испитаниците рекле „да“ – рече Ленче Христова од Платформата „Граѓанска демократија“, која ја спроведен анкетата, теренски и онлајн.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски