Околу 270 ученици од Вевчани учебната година ќе ја почнат во ново училиште

Од:

Во завршна фаза е изградбата на новата училишна зграда во Вевчани, во која од 1 септември настава ќе имаат околу 270 ученици од прво до осмо одделение.

Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски информира дека во тек е набавка на опремата вредна три милиони денари.

– Новата училишна зграда која почна да се гради пред пет години е во завршна фаза. Зградата е перфектна, зграда за 21 век направена во традиционален македонски стил карактеристичен за Вевчани, нагласи Угриноски.

Во тек е партерното уредување и инфраструктурата околу училиштето и нагласи дека останува уште изградбата на пристапен пат за што Министерството за финансии додели грант од 1.220.000 денари, преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка.

Училиштето, најави Угриноски, ќе има кабинетска настава и во една смена ќе учат сите ученици. За идната година предвидено е отворање на две паралелки средно за медицински сестри и градежни техничари.

Во старата училишна зграда, во која досега учеа вевчанските деца ќе биде префрлена локалната самоуправа, Македонската академија на науките и уметностите планира да отвори канцеларија, а останатиот простор ќе биде искористен за културен центар, библиотека, Музеј во кој ќе бидат сместени маските од Вевчанскиот карневал, матична служба, туристичко-информативно биро, како и подрачни единици на министерствата.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски