Околу 27,5 проценти од граѓаните примиле барем една доза вакцина во државава

Од:

Министерството за здравство информира дека на територија на цела држава барем една доза вакцина примиле 27,5% од граѓаните. Најголем е процентот на вакцинирани во Кавадарци, Охрид и во Гевгелија, над 40 отсто.

Во Кичево, Гостивар, Дебар и Тетово има најмал процент вакцинирани.

Во Скопје, барем една доза вакцина примиле 30,8 отсто од граѓаните.

Во прилог е процентот на вакцинирани со една доза вакцина, според градови во Македонија:

Битола 38,9
Демир Хисар 30,9
Кичево 15,8
Ресен 39,8
Велес 31,0
Гевгелија 41,0
Кавадарци 43,5
Неготино 38,0
Свети Николе 25,2
Кочани 25,3
Берово 30,9
Виница 24,5
Делчево 24,9
Пехчево 36,0
Куманово 21,2
Крива Паланка 23,9
Кратово 18,9
Охрид 42,9
Дебар 17,3
Струга 23,1
Прилеп 30,3
Крушево 28,3
Македонски Брод 18,2
Скопје 30,8
Струмица 19,4
Валандово 30,6
Тетово 17,1
Гостивар 17,8
Штип 37,2
Пробиштип 29,7
Радовиш 23,2

Според последните податоци на Министерството за здравство, во државата вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а ревакцинирани се 284.680 граѓани.

Со последните бројки 60% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 57% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 53% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска