Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

Од:

Проценките се дека околу 12 милиони долари би се скратиле средствата на невладините организации во земјава и на сите оние кои работеле проекти поддржани од администрацијата на САД по одлуката на новиот американски претседател за замрзнување на програмите за помош во странство.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека она што го добивале државните институции се експерти кои доаѓале како помош и поддршка за реализација на проекти.

– Ние сме единствена земја која успеа додека бев во Ваштингтон да договори со поддршка на американската Амбасада да добиеме постојана поддршка на лица оттаму за Министерството за финансии во секој сегмент, рече Димитриеска-Кочоска.

Указот за 90-дневно замрзнување на сите програми на САД за помош во странство Трамп го потпиша на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата. Тој објасни дека ваквите дотации треба да поминат проверка за усогласеност со политичките цели на новата администрација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп се потсмеваше со саудискиот принц: Не мислеше дека ќе ми го бакне задникот!

А1он

Трамп: Куба е следна, преправајте се дека не го кажав тоа

А1он

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген