ОЈО за случајот со исчезнатата Вања: За тројца од петтемина приведени бараме определување 48-часовен притвор

Од:

Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази. За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани, велат од Јавното обвинителство за „А1он“ во врска случајот за исчезнатата Вања Ѓорчевска на која и се губи секоја трага во понеделникот.

Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски извести дека пет лица се приведени во врска со случајот.

– Морам да кажам дека имаме приведено пет лица и обезбедено едно возило, со што се продолжува понатаму со активностите. Тоа е нешто плус што го презедовме во однос на сето она како доказ, како трага што го обезбедуваме, се со цел да дојдеме до расчистување на овој случај, рече министерот.

Истакна дека низа криминалистички истражни мерки се презедоа во изминатиот период се со цел да се утврдат сите овие факти.

-Тие факти коишто ги утврдуваме преку овие истражни мерки ќе ги соопштиме во јавноста во момент кога треба да бидат соопштени, заради тоа што предвременото соопштување ни прави проблеми, истакна Спасовски и додаде дека вчера рекол дека не е точно дека на Вања и се губи траг кај „Силбо“, односно кај „Броз кафе“, со цел да не се шират повеќе шпекулации.

Спасовски потенцираше дека сите податоци кои ги утврдуваат ќе ги соопштат во даден момент, бидејќи, како што кажа, за истрагата е многу релевантно кога и како ќе соопштат во јавноста.

Веќе седум дена се трага по Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата. Во изминатиот период, на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатото девојче од страна на Интерпол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Одложено е судењето за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Палевски и соработниците седнуваат на обвинителна клупа, почнува судењето за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

ОЈО ќе предложи спојување на постапките за обвинетите за грабнувањето и свирепо убиство на Вања и Панче

Грчката полиција бара помош: Исчезна 15-годишно девојче

На 30 јули ќе почне судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Горан Наумовски

Кривичен во целост го прифати обвинителниот акт за убиството на Вања и Панче, одбиени како неосновани приговорите на обвинетите