ОЈО Скопје отвори истражна постапка против едно лице за три разбојништва во спортски обложувалници

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило три кривични дела „разбојништво“ во спортски обложувалници во Скопје и тоа две согласно член 237 став 4 и едно согласно член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што информираат од ОЈО, во два наврати на 24 февруари и на 8 мај, извршил разбојништва во иста спортска обложувалница на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

– Се преправал дека пополнува ливче, по што станувал од масата и со нож им се заканувал на вработените за да ги принуди да му ги дадат парите. Првиот пат одзел 21.918 денари, а вториот пат – 20.400 денари од работните фиоки зад наплатниот пулт, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

На 18 мај, осомничениот 26-годишник влегол во спортска обложувалница на улицата „Никола Тримпаре“ во Скопје и на вработениот му се заканил со зборовите: „Надвор сме тројца, да не ја правиме голема, дај ги парите“.

– Оштетениот, исплашен дека би можеле да го нападнат, ги извадил парите од фиоките и му ги дал. На овој начин осомничениот противправно происвоил 70.000 денари и избегал од местото, стои во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, исто така, информираат дека Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото.​

Би можело да ве интересира

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ