Приведени уште пет лица за нападот на Села во Собранието

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата и приведе уште пет лица за нападот на пратеникот Зијадин Села, што се случи за време на насулствата во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава.

– Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик, велат од скопското Обвинителство.

Петте лица, како што подочуваат од Обвинителството, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.

Претходно, ОЈО на 10 мај годинава поведе истрага за две лица, татко и син, за кои е утврдено дека учествувале во нападот врз Села на 27 април. На двајцата тогаш им беше одредена мерка притвор.​

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама