ОЈО Скопје бара казна за угостителски објект поради непочитување на мерките против коронавирусот

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје бара од Кривичниот суд да казни угостителски објект поради непочитување на мерките против ширење на коронавирусот. Имено, при извршена контрола меѓу масите не било запазено пропишаното растојание и на иста маса седеле лица кои не се членови на семејство.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска информира дека до Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за издавање казнен налог против едно физичко лице – управител и едно правно лице – угостителски објект, заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот како одговорно лице – управител на правното лице не постапил според одлуките за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот донесени од Владата на Република Северна Македонија со кои се регулира работењето на угостителските објекти и начинот на послужување гости. При контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитува пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека се даваат угостителски услуги на четири лица седнати на иста маса а кои не се членови на семејство, што е спротивно на донесените здравствени прописи, велат од ОЈО Скопје.

Обвинителството на Судот му предложи на управителот на правното лице да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противвредност, додека пак за правното лице предложена е парична казна во износ од 100.000,00 денари.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска