ОЈО: Откако убил татко и син, сакал да убие уште четири лица од истото семејство

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен жител на Челопек, кој вчера уби две лица, а се обидел да убие уште четири лица од истото семејство.

„Осомничениот се сретнал со оштетените кога излегле во дворот на куќата и започнал расправија за пат кој го користеле заеднички и за кој и претходно имале несогласувања. По расправијата, осомничениот извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и започнал да пука кон оштетените. Едниот од нив возвратил со истрели од огнено оружје за кое имал дозвола, но осомничениот ги лишил од живот двајцата оштетени – татко и син.

Потоа продолжил да пука и кон останатите четири лица нивни роднини, нанесувајќи му огнострелни повреди на еден од нив. Кога на местото пристигнале припадници на СВР Тетово осомничениот давал отпор и не сакал да се предаде, но бил совладан и лишен од слобода. Истрагата за него е поведена за кривично дело – Убиство според член 123 став 3, а ќе одговара и за обид за убиство, како и за недозволено држење оружје. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомничениот“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Трагедија во Краљево: Со самострел ја уби сопругата, ја рани мајка си, а потоа изврши самоубиство во семејната куќа

Горан Наумовски

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он