ОЈО: Осуммина од УКИМ осомничени за корупција

Од:

ojovjoОсум вработени на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се осомничени за кривични дела со коруптивна природа во кои се оштетени студенти од Универзитетот, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

ОЈО наведува дека основаното сомнение за корупција следува по повеќемесечна оперативна обработка на податоци и прибрани докази. Од осумтемина осомничени, шест се универзитетски професори, еден е демонстратор на УКИМ и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс.

– Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување сексуални услуги заради полагање испит. Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање докази по издадената наредба за претрес, еден од професорите е затечен ин флагранти во извршување кривично дело примање на поткуп од 1.000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период, информира ОЈО.

Обвинителството навдува дека во моментот предметот е во преткривична постапка. – Надлежниот јавен обвинител ја прима кривичната пријава и врши оценка за потребата за примена на мерки за обезбедување присуство на лица и предмети во текот на постапката, по што ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана, пишува во соопштението на Обвинителството.

Вчера на кампусот на УКИМ имаше полициска акција, а за денеска попладне прес-конференција за случајот најави Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Резултатите за квалитетот на гостиварската вода ќе бидат готови утре

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он