ОЈО: Мерки за претпазливост за осомничениот советник во МВР

Од:

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и му определи мерки на претпазливост на Д.С., вработен во Министерството за внатрешни работи, кој се товари дека ја злоупотребил својата работна позиција за спречување службено дејство.

Како што соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија, надлежен јавен обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските услови, до судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање патна исправа, забрана за издавање нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му ги изрече бараните мерки.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски