А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ОЈО Кочани го гони за убиство лицето кое вчера пукаше во угостителски објект

by А1он19/01/2019 - 14:58212
Share0

Основното јавно обвинителство Кочани го гони за убиство лицето кое вчера пукаше во угостителски објект, а во моментов е недостапен на органите на прогонот.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи синоќа го заврши увидот на лице место во угостителски објект во Кочани, каде вчера околу 17:00 часот едно лице беше рането со огнено оружје.

Прибрани се траги од местото на настанот кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадени се наредби за прибирање податоци и земање исказ од очевидци, како и претрес на лица и објекти со цел утврдување на фактите во предметот, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Поради постоење на основано сомнение, надлежен јавен обвинител донел наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторен квалификуван (потежок) облик на кривичното дело убиство.

Следете a1on на Youtube YouTube

Настанот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, се случил откако меѓу повеќе лица кои претходно заедно седеле на маса, започнала вербална расправија. Потоа осомничениот извадил пиштол и испукал проектил во едно лице при што му нанел прострелна рана на сега оштетениот. Во моментот на пукањето, во угостителскиот објект имало присутни и други лица, кои осомничениот ги довел во опасност што дава посебна тежина на кривичното дело кое го сторил. По пукањето, а поради сериозноста на повредата, оштетениот придружуван од едно лице – сведок на настанот, бил упатен во Скопје каде му е укажана медицинска помош. Сведокот потоа е вратен во Кочани, каде по барање на јавниот обвинител, а пред судија на претходна постапка дал исказ за настанот.

– По претходно преземена координирана акција, утринава уште три лица кои присуствувале на кривично правниот настан се лишени од слобода и со нив се превземаат дејствија во насока на расчистување на настанот. Во моментов сторителот е недостапен на органите на прогонот, се наведува во соопштението.

incidentimvrubistvo

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он05/10/2026 - 14:3005/10/2026 - 15:10

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео