ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, во Основен кривичен суд Скопје, изврши измена на обвинението поради измените во Кривичниот законик, со која што застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески.

Како што информираше судијата Осман Шабани, судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за обвинетиот Миле Јанакиески на следното рочиште закажано за 11 ноември, а потоа ќе продолжи со главната расправа согласно одредбите на Законот за кривичната постапка.

Во овој случај Јанакиески се товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари и поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За истите две кривични дела е осомничен и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

– Согласно измените на Кривичниот законик, за Никола Груевски и Кирил Божиновски за точка 1 од обвинението, постапката предлагаме да продолжи да се води за кривичното дело по член 353 став 5 во врска со став 4 во врска со став 1 од КЗ, рече обвинителката.

Во истиот процес Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за „перење пари и други приноси“, а за ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која призна вина.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, исто така е обвинета за „перење пари и други приноси“.

Би можело да ве интересира

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 22 април

Ана Ололовска

Судењето за предметот „Талир 2“ одложено за 8 април

Ана Ололовска

Вработен во Општина Петровец, сведочеше во „Талир“ за начинот на плаќање донации во име на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Случај „Талир“: Јанакиески и Божиновски од сопственикот на „Урбан Инвест” барале 15.000 евра

Ана Ололовска

Почна судскиот процес за „Талир“

Ана Ололовска