Охриѓани со повик до екс-ју државите: Дојдете на работни акции

Од:

Охриѓани покренуваат иницијатива за повторно враќање на работните младински акции, кога илјадници млади од цела Југославија ја градеа поранешната заедничка држава. Во 70-те и 80-те години на минатиот век тие беа синоним на едно убаво време.

Од Вардар па до Триглав беше неофицијалната химна речиси на сите од Љубљана до Скопје. Некогашниот акцијашки клуб „Брег на младоста“ повторно ќе почне да функционира. Охриѓанецот Зоран Стевоски еден од иницијаторите е учесник на 12 младински акции на просторите на поранешна Југославија помеѓу кои работните акции Брег на младоста кои се одржале во Охрид во 1984. и 1985. година. Голем дел од тоа што тогаш се изгради и ден денес го кориситме вели Стевоски.

„Изградивме доста капитални објекти во тоа време. Ископините на Амфитеатарот во Охрид се започна со младинската работна акција „Брег на младоста“ во 1984 година, водоводот Метролол Охрид го градеа исто така акцијаши од цела Југославија. 36 бригади учествуваа во тие две години овде во Охрид. Некаде околу 50000 млади сместени во 1000 бригади заминуваа секоја година да ја градат својата земја и да остават белег на своето време“, вели Стевоски.

Патот Охрид Ресен, браната Стрежево, автопатот Братство Единство од Скопје до Гевгелија, Попова Шапка исто така го граделе акцијаши. Стевоски вели дека интересот кај охриѓани е голем и дека во програмата за работа имаат одржување на работни акции. Се надева дека идејата за враќање на акцијаштвото преку кое ќе се помогне во изградба на Македонија ќе стартува токму од Охрид.

„Сериозно размислуваме да ја започнеме таа работна акција овде во Охрид и да повикаме луѓе од сите бивши Ју републики, бидејки такви примери веќе има. Планираме на почетокот на сезоната да направиме една акција кај езерскиот брег, и да започнеме онаму и каде што завршивме во населбата која ја викавме и „Брег на младоста“, а која се наоѓа кај Младинскиот рекреативен центар во Воска вели Стевоски.

А последната акција во Охрид била токму на тоа место. Присутни биле 18 бригади од цела Југославија. Стевоски се потсетува дека и многу од групите од поранешна Југославија своите кариери ги почнале токму на работните акции. „Рибља Чорба“ на пример на акцијата Морава во 1980. година го промовирала и албумот „Кост у грло“. И охриѓани со задоволство се потсетуваат на тие акции.

„Беше големо дружење, се дружеа младите. Одеа на сите акции. Доста се изгради тогаш“, вели еден граѓанин.

„Патот го правевме овде. Ќе ме прогласите за југоносталгичар. Какви времиња беа? Прекрасни. Тоа што тогаш беше направено ние сега не можеме да го молерисаме, се се распаѓа“, вели еден поранешен акцијаш.

Инаку во Словенија која прва се откажа од работните акции во сите градови постојат здруженија слични на ова. Нив ги има и во Босна, Хрватска и Србија.

На основачкото собрание кое ќе се одржи на 9-ти јуни своето присуство го најавиле акцијаши од поранешните ју република.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка