ВИДЕО: Охриѓани на едно место ќе можат да добијат информации и услуги од државните институции

Од:

Жителите на Охрид наскоро ќе имаат брз, лесен пристап до најразлични услуги од повеќе државни институции, преку Центарот за „Една точка за услуги“ што ќе биде отворен на самиот влез во општинската зграда.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кој денеска во Охрид изврши увид на просторот што Општина Охрид го отстапува за канцеларијата „Една точка за услуги“, ја искористи приликата да појасни дека се работи за нов концепт во работата на државната администрација, со нова функционалност, место каде граѓаните ќе можат на современ начин без шалтери и чекање да добиват услуги на едно место од повеќе институции.

– Оваа канцеларија ќе служи и како регистрациски пункт каде граѓаните ќе можат да се регистрираат за користење на електронски услуги, но и да добијат информации како да ги користат истите. Иновативното во овој концепт е тоа што покрај тоа што нема класични шалтери, се воведува нов систем на чекање преку кој системот алармира доколку граѓанинот не бил услужен за десет минути. Тоа значи нов однос на институциите кон граѓаните, рече тој.

Центрите за „Една точка за услуги“ се првиот контакт на граѓаните со институциите на државата и оттаму тие се осмислени да бидат што попристапни за сите.

Доколку се има предвид новонастанатата ситуација наметната од епидемијата на коронавирусот се апелира до граѓаните на што помасовно користење на електронските услуги, за да се избегнат гужви на шалтерите.

Инаку, преку системот за електронски услуги на граѓаните преку интернет страницата uslugi.gov.mk во овој момент им се достапни 136 електронски услуги.

– Веќе од следниот месец ќе има и електронски упис на дете во градинка, електронски упис во училишта, разни дозволи потребни и на граѓаните, но и на правните субјекти. Овие центри се отвараат за оние луѓе кои не можат да се снајдат со електронските услуги,така што на најлесен начин ќе имаат брз, лесен пристап до услуги без да треба да шетаат по различни шалтери, рече Манчевски.

Според плановите на проектантот, услугите на Центарот „Една точка за услуги“ на охриѓани ќе им бидат достапни најдоцна за месец и половина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува каде што застана пред четири години со уништување на Охрид и Охрдиското Езеро

А1он

Пецаков најави уредување на плажите на Охридското Езеро и нивно повторно издавање под концесии

Ана Ололовска

Индекс на отвореност: Охрид најотворена општина во државава, најзатворена Пласница

А1он

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Охрид, ДУИ и СДСМ се во опозиција

Побаран притвор заради трговија со дрога​

А1он

Запленети 13.203 петарди во Охрид

А1он