Охриѓанец почина во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Од:

Утрово во 01,25 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево меѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“. На местото на настанот починал Д.Р.(38) од Охрид, кој го управувал патничкото моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблици.

Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56)) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди, се здобил А.М.(31) од охридското село Лешани, кој го управувал товарното моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, предводена од Јавен обвинител. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он