Охриѓанец незаконски користел телекомуникациска мрежа на мобилен оператор

Од:

Кривична пријава е поднесена против 33-годишен охриѓанец кој набавил и користел незаконска SIMBOX опрема и вршел сомнителна комуникациска активност во радиофреквентниот опсег на еден мобилен оператор.

Со тоа, С.Б. во периодот од 1 октомври до 17 ноември лани се стекнал со противправна имотна корист од 3.950 евра, на штета на мобилниот оператор. Од идентификуваните 114 повикувачки (simbox) броеви преку мобилната мрежа реализирани се 3.030 појдовни повици со времетраење од 24.993 минути, кои се терминирани во мрежата.

На 17 ноември извршен е претрес во стан во Скопје каде биле регистрирани правните субјекти со кои раководел С.Б. и притоа најдена е телекомуникациската опрема која е одземена и доставена до Основното јавно обвинителство.

С.Б. се товари за кривично дело „измама“, а кривичната пријава е доставена до Основното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски