Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Од:

На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид поради сомнение за предизвикување пожар на глисер и патничко возило.

Се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул. „Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес