Охридското обвинителство гони две лица за трговија со дрога

Од:

„Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по кривична пријава, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Дрогата – марихуана со тежина од околу 100 килограми е најдена во патничко моторно возило со скопска регистарска таблица кое се движело по патот Св. Наум – Охрид. Во возилото биле две лица, од кои возачот се дал во бегство и во моментов е недостапен на органите на прогонот.

Совозачот, жител на Битола, е лишен од слобода и против него е започната постапката за стореното дело. Надлежен јавен обвинител достави предлог до Основниот суд Охрид за определување на мерка Притвор, кој предлог е потврден со Решение на судот со кое му е определен притвор во времетраење од триесет дена.“ се вели во соопштението на ОЈО.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ