Охридско лето со апликација за мобилни телефони

Од:

Општина Охрид и Охридско Лето ќе соработуваат во областа на активностите поврзани со културата, со цел успешна реализација на Фестивалот.

Директорката на фестивалот Елизабеја Јанкуловска и градоначалникот Никола Бакрачески потпишаа Меморандум за соработка и најавија понатамошна соработка со цел што поуспешни фестивалски изданија наредните гофини.Охридско лето од годинава ќе има и своја мобилна апликацијa која ќе работи на три платформи: Android, iOS и BlackBerry.

-Истата претставува комплетен дигитален водич за корисниците кои ќе бидат постојано инфомирани за сите новитети поврзани со фестивалот и програмата, а исто така апликацијата ќе нуди можност за социјална интеграција со Facebook, Twitter иYoutube, истакна Нино Карас од Охридско лето.

Според маркетинг менаџерот на Охридско лето Илија Куртески, оваа апликација ќе биде лесна за користење и обезбедува одлично искуство преку динамичко информирање на корисниците.

– Она што ја прави оваа апликација уште поинтересна за користење се нејзините карактеристики и можноста најлојаните корисници да бидат наградувани со специјални промоции и попусти за фестивалот, рече Куртески.

Во делот на новитети, од Охридско лето ја промовираа и редизајнираната веб страна и новиот насловен дизајн на Фестивалот кој и годинава е во знакот на современиот минималистички дизајн.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски