Охридските ракометари едвај се спасија од линч во Чаир

Од:

Охридските ракометари од Ракометниот клуб Охрид 2011 едвај се спасиле од линч во скопската општина Чаир.

Ви го пренесуваме нтегрално  соопштението кое го испратиле  од клубот, а го преземаме од порталот Охрид 1:

РФМ го испрати РК Охрид 2011 да игра натпревар во гето во Чаир без ниту еден полицаец

Сакаме да ве известиме дека на ден 24.11.2012 (сабота) во спортската сала „7-ми март“ во  Чаир натпреваротод 10-та рудна помеѓу Ракометниот Клуб  Риниа и Ракометниот Клуб  Охрид 2011 не го дочека својот крај. До ваквиот епилог дојде поради непочитувањето на Правилникот за ракометни натпреварувања, Пропозициите за натпреварување, Дисциплинскиот правилник, Статутот на Ракометната Федерација на Македонија и Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари од страна на РК Риниа како домаќин и огранизатор и официјалните службени лица делегирани од РФМ.

Имено, официјалните лица на РФМ се единствените овластени и задолжени лица кои можат и мораат да извршат проверка дали се исполнети сите услови предвидени во Пропозициите за натпреварување за одржување на првенствен натпревар. Не знаеме дали во овој случај овие лица ги исполнија своите обврски. Непочитувањето на Пропозициите за натпреварување беше очигледно. Пред почетокот на натпреварот тренерот на РК Охрид 2011 г-дин Горан Андоновски му посочи на делегатот  Дишлијев Стојан дека во спортската сала нема присуство на службени лица од Министерството за внатрешни работи, на што ни беше одговорено дека ние не сме тие кои што треба да се грижат за исполнување на условите за одржување на мечот. Да напоменеме дека според Пропозициите, без присуство на службени лица на МВР, НЕ СМЕЕ да започне натпреварот.

Во текот на целиот натпревар судиите беа видно наклонети кон домаќинот,а ракометарите на Охрид 2011 беа навредувани и омаловажувани на етничка основа од страна на домаќините и службените лица на РК Риниа. За време на  натпреварот се играше се само ракометНЕ. Да ги потсетиме РФМ дека член 11, точка 3 од статутот на федерацијата гласи дека треба „да промовира ракомет во Република Македонија да промовира ракомет во духот на мир, разбирање и фер игра, без било какви дискриминации по однос на политика, пол, религија, расна и етничка припадност;“

Кулминација се постигна околку 40-та минута,полсе еден вообичаен фаул врз еден од ракометарите на РК Риниа. Истиот со удар во главата му возврати на ракометарот од  Охрид. Чудата продолжија. Судиите преплашени од приговорите и заканите на домашната екипа немаа храброст да му доделат црвен картон на ракометарот кој делеше боксови па му додели црвен картон и на нашиот ракометар со што има и материјална повреда од ракометен аспект. Тензиите не спласнаа, а припадници од МВР сеуште немаше во спортската сала. Нашата безбедност беше сериозно загрозена и ние одлучивме да се повлечеме во соблекувалната.Ние сакавме да се вратиме на теренот, но пред соблекувалната се насобраа разлутените ракометари на домашниот тим, службените лица од Ринија и неофицијални лица кои ни се закануваа по живот, не омаловажуваа и се обидоа да ја скршат вратата од соблекувалната како би се пресметале со нас. Во отсуство на службени лица од МВР ние сами повикавме полиција да интервенира, која успешно без проблем  не извади од пеколот и не испрати во полициската станица „Бит Пазар“, каде го пријавивме случајот.  Од таму со зачуденост ни говореа  „кој ве испратил да играте натпревар ваму?“  „како сте започнале натпревар без полиција“

РК Охрид 2011 беше крајно претпазлив во врска со овај натпревар со оглед на претходното искуство кое го имавме. Го повикавме одговорниот од РФМ за Првата машка ракометна лига г-динот Камер Металари како спортски авторитет да присуствува на натпреваротза да обезбеди минимални услови за ракомет. Тој ни одговори дека од оправдани причини нема да биде во можност да присуствува.

Прашање е до кога РФМ ќе ги толерира ваквите насилнички и примитивни испади на нивните миленици? Дали е потребно некој ракометар да заврши на интензивно лекување пред да го исфрлат клубот од Чаир од системот на ракометни натпреварувања. Дали РФМ ќе го забрани тој „пеколен“ терен  или тоа ќе го направи МВР како што ни беше ветено. Како и да е во иднина РК Охрид никогаш повеќе нема да игра во Чаир, таму немаме право на слободно движење и зборување, а не да играме ракомет.

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ