Охридските основци со возење велосипеди го одбележаа Денот на планетата Земја

Од:

Учениците и наставниците од ОУ „Климент Охридски“ од Охрид денеска по повод Светскиот ден на планетата Земја организираа групно возење велосипед од Градскиот плоштад покрај езерото до Горица 1.

Акцијата насловена „Ден без автомобилски чад – ден на велосипеди“ има за цел на симболичен начин да се апелира до возрасните што помалку да ги користат автомобилите што со своите издувни гасови го загадуваат воздухот, а наместо нив многу повеќе да ги користат велосипедите како превозни средства, како што тоа е пракса во развиените европски држави како Холандија, Норвешка, Шведска, Данска.

Организаторите изразија надеж дека акцијата ќе биде успешен апел до граѓаните што помалку да ги користат автомобилите и на тој начин да го зачуваат Охрид како незагаден и чист град.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица