Охридскиот Црвен крст предупредува на обврската за ангажирање спасувачи на плажите дадени под закуп

Од:

Вчерашниот инцидент на Охридското Езеро кога беше спасен давеник треба да претставува аларм за закупците на плажите на ривиерата, да ангажираат спасувачи односно лица обучени да спасуваат давеници и да пружат соодветна прва медицинска помош, предупредуваат од охридската Организација на Црвениот крст.

Сашо Точков од општинскиот Црвен крст потсети на законските обврски на концесионерите, дека тие се обврзани со договорите за закуп на своите плажи да имаат спасувачка служба.

– Апелирам до концесионерите да не си играат со човечките животи, а капачите да ги користат само плажите кои се обезбедени, да се постават спасители кои што се обучени, кои што ги имаат сите потребни сертификати и кои што можат соодветно да укажат прва помош, изјави Точков.

Тој најави дека во текот на наредните денови општинската организација на Црвениот крст заедно со општинските власти и Капетанијата ќе соопштат кои плажи се обезбедувани и можат да се користат за капење, спорт и рекреација.

Ситуацијата на терен на охридско-струшката ривиера е далеку од задоволувачка кога е во прашање обезбедување на плажите за спасување давеници. Само половина од плажите издадени под концесија на охридското крајбрежје имаат ангажирано спасители на вода, додека состојбата на струшкиот дел од езерото е уште позагрижувачка оттаму што само четири закупци на плажи имаат спасители.

Инаку, вчерашниот инцидент се случи на плажата кај одмаралиштето Свети Стефан, во близина на хотелот „Силекс“ кога од смрт беше спасено лице со хендикеп од гостиварско.

Момчето почнало да се дави, а тоа го забележале капачи и ја алармирале спасувачката служба која интервенирала, го извлекла момчето од водата и му пружила прва помош, додека не стигнале екипи на Службата за итна медицинска помош.

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион