А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Охридската самоуправа смета дека со давањето на паркиралиштата под закуп ќе се среди сообраќајот во градот

by А1он11/01/2013 - 18:44140
Share0

Одлуката за давање петгодишен закуп на паркинг-просторот на улиците од централното градско подрачје на Охрид е во насока на средување на сообраќајот во центарот на градот, соопшти Кабинетот на градоначалникот на Охрид како одговор на претходно изнесените обвинувања од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Секој туристички центар во светот, за свое добро, за доброто на туризмот и развојот, треба да е среден. Сите улици, особено во централното градско подрачје мора да бидат средени и проодни, како за автмобили така и за пешаци. Тротоарите и просторите каде е забрането паркирањето мора да бидат проодни. А оние улици во централното градско подрачје, каде има доволно простор за проодност и за паркирање, како во сите туристички центри, така и во Охрид ќе се наплаќа со цел средување на сообраќајот во центарот, стои во реакцијата на општинската администрација, предводена од градоначалникот Александар Петрески.

Општина Охрид распиша тендер за давање петгодишен закуп на градежно изградено земјиште, паркинзи од втора и трета паркинг зона, а со стекнувањето право на стопанисување со паркинг-просторот, идните концесионери ќе вршат наплата за паркирање на повеќе улици од централното градско подрачје.

На таквата одлука реагираа од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, со обвинување дека градоначалникот Александар Петревски го претвора речиси целиот град во паркинг-зона со која ќе стопанисуваат неговите бизнис-партнери.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од опозициската партија во Советот на општина Охрид ценат дека со таквиот чин на објавување на тендер пред престојните локални избори претставува расчистување на должничките односи на градоначалникот со неговите бизнис-пријатели.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он02/08/2026 - 14:56

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски15/07/2026 - 20:3615/07/2026 - 20:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео