Охридската самоуправа бара решение против дивите станоиздавачи

Од:

Охридските општински власти најавија засилени мерки за надминување на проблемот со дивите станоиздавачи и лицата кои во летниот период ги чекаат туристите и на непримерен начин нудат сместувачки услуги.

Од Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид соопштуваат дека веќе е одржан состанок на надлежните субјекти за решавање на проблемот, со утврдување мерки што ќе се преземааат во иднина за спречување на таа несакана појава.

Притоа е нагласено дека се формирани екипи кои во соработка со полицијата и пазарната инспекција ќе спроведуваат засилени контроли низ градот, особено на локациите каде најмногу ги има станоиздавачите, во централното градско подрачје, на влезовите во градот како и на автобуската станица.

Истовремено ќе се спроведува и кампања за туристите, преку која тие ќе бидат информирани за нивните права, каде и на кој начин да бараат сместување, а се најавува и бесплатна телефонска линија на која туристите ќе можат да пријавуваат злоупотреби, поплаки, но и да нудат сугестии.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид