Охридската градинка нема веќе средства за ручек на децата

Од:

Охридската градинка доби нов ценовник. Наместо досегашните 800 денари за полудневен престој на децата со ручек, од сега родителите ќе мора да плаќаат 1.500 денари. До сега, за цена од 800 денари децата добиваа ручек и родителите ги земаа децата од градинка после ручекот, додека со новите измени, родителите своите деца ќе мора да ги земаат пред ручекот за истите пари. Доколку сакаат и нивните деца да и да ручаат, ќе мора да платат скоро двојно повеќе.

За овие измени реагираше и советничката во Советот на Општина Охрид Верица Хајба. Таа вели дека согласно Законот за Локална самоуправа и Законот за заштита на деца новата одлука за воведување нови цени за полудневен престој е незаконска. Директорката немала добиено согласност од Советот на Општина Охрид за измена на ценовникот за полудневен престој и советничката Хајба ја повика директорката да ја повлече таа одлука.

verica-hajba

Градоначалникот треба на соодвтен начин да делува во санкционирањето на Директорите кои ги има назначено за вршители на должност во Јавните установи, а кои забораваат дека треба да ги почитуваат Законите на Република Македонија, односно донесуваат одлуки за кои немаат добиено согласност од основачот односно Советот на Општина Охрид, и на тој начин стануваат противзаконски одлуки – вели советничката Хајба.

Таа додава дека ЈОУДГ „Јасна Ристска“ од Охрид како јавна установа треба да обезбеди еднаков третман за сите деца без разлика на нивното социјално потекло.

Според принципите за заштита на правото и живот на децата, секое дете има право на минимум стандард под еднакви услови, исклучување на каква било  форма на дискриминација. Дали со вакви цени ги почитуваме правата на децата за еднаков третман или вршиме нивна социјална дискриминација? – праша Хајба.

Директорката на градинката Роза Костеска пак тврди дека нема потреба да добие согласност од Советот на Општина Охрид за новите измени во ценовникот за полудневен престој на децата. Таа вели дека градинката нема повеќе средства за да обезбеди ручек за децата и затоа направени се нови измени во ценовникот за полудневен престој.

roza-kosteska

Тоа не оди на совет затоа што тоа е по закон и не е измена туку е направен еден пропуст од порано. Сега постапуваме според закон, порано требало децата да доаѓаат до 12часот ама да не користат ручек. До сега користеа ручек, имаше средства градинката и сето тоа било на товар на градинката. Бидејќи цените се поскапени, нов ценовник има, нова листа на храна, употреба на здрава храна и сето тоа предизвикува поголеми трошоци и од тие причини моравме да постапиме по закон и да ја воведеме оваа мерка – вели директорката на охридската градинка, Роза Костеска.

Костеска им даде рок на родителите во текот на овој месец да одлучат дали нивните деца ќе добиваат ручек со што од наредниот месец би платиле скоро двојно повеќе отколку до сега или нивните деца сега ќе ги земаат пред ручекот доколку сакаат да ја плаќаат досегашната цена.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on