Кривична пријава за Љубен Арнаудов за „несовесно работење во службата“ како в.д. директор во охридската болница

Од:

Полицијата поднесе кривилна пријава против О.Л. од Струга, за злоупотреба на службената положба како шеф на отсекот за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид.

Како што соопшти полицијата, во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општа болница Охрид за јавна набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума.

Кривична е поднесена и против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно дозволиле парите да бидат исплатени.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум