Охрид: Забрана за возење на скутери до 19, наместо до 18 часот

Од:

Забраната за пловење на скутерите ова лето во Охридското езеро ќе се зголеми за еден час. Наместо од 11 до 18 часот, забраната од 1 јули до крајот на август ќе важи до 19 часот.

Оваа информација ја потврди и Капетанот во Капетанија Охрид, Горан Устијаноски.

„Информацијата треба да помине на седница на влада.Забраната ќе биде пролонгирана за уште еден час подоцна бидејки сметаме дека до 18 часот е многу рано луѓето се уште се на плажа, а тоа е и најубавиот ден за одмор на плажа.Нема ефект ако забраната е до 17 или 18 часот, ефектот е ако забраната е до 19 часот“, рече Устијаноски.

Устијаноски вели дека ќе направат се забраната да се почитува во најголем дел иако вели дека тоа не е можно да се случи 100%.

„Ние не очекуваме дека ќе направиме сто процентно почитување на забраната но ќе има ригорозни мерки за прекршителите кои ќе бидат безмилосни“, рече Устијаноски.

Минатото лето во Охрид и Струга се случија неколку инциденти во кои гавни учесници беа скутери, кои поради нивното дивеење во водите на езерото во непосредна близина до самиот брег ја загрозуваат безбедноста на капачите. Ситуацијата е особено алармантна во струшкиот дел на езерото.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите