Охрид: За гласна музика, катанец на врата

Од:

Единствен начин да се стави крај на проблемот со бучавоста во Охрид е затворање на ноќните клубови и дискотеки од каде ова лето ќе доаѓа гласна музика велат од Општинскиот инспекторат. Од таму најавуваат нивно затварање и одземање на дозволите за работа на лицата кои работат во угостителство, бидејќи имале такво право.

„Угостителите толку многу се толерирани од наша страна, но и од страна на полицијата и од другите инспекции. Нема кафуле што не е казнето. Но сега ние како инспекции веќе ќе можеме и да ги затвораме. Тоа ви го тврдам. Тоа многу лесно може да се направи. Му даваме налог на ЕВН и на Водовод и штом ќе им се исклучи водата и струјата тие едноставно нема да можат да функционираат. Имаме такво право“, рече Танас Танаскоски ракводител на општински инспекторат.

„Јас стојам на ставот дека бучавост се прави и на плажите. Плажите во 20 или 21 часот ако продолжат со работа треба да немаат вклучено никакви звучници и без музика да работат. Плажите не се места за концерти. Убеден сум дека во договорите за концесионирање е утврдено работно време и оти плажите не се места каде може да се одржуваат концерти“, вели градоначалникот Петрески.

Овој викенд кафулињата и другите угостителски објекти во Охрид ќе може да работат до 3 часот по полноќ. Дискитеките и ноќните клубови до 7 часот изутрина. Викендов во Охрид ќе грми од забава. На плажата Кадмо настапува српската и балканска фолк звезда Џеј Рамадановски. А бучавоста во Охрид и ова лето преставува главен проблем за охриѓани но и за туристите. Музика доаѓа од сите страни па речиси е невоможно око да се заклопи до рано наутро. Во периодот од 15 јуни до 10 јули општинскиот инспекторат изрекол повеќе од 72 глоби против ноќни клубови. Од Пазарниот инспекторат велат дека нарушување во однос на прекршување на работното време до сега немало многу.

Од таму најавуваат дека на терен ќе има затворање на објекти, а оти некаде ќе се делува превентивно.Охрид ќе биде сардисан од инспекции и од другите градови. Дали летово ќе има затворање на ноќни клубови и дискотеки е тешко да се каже со оглед на искуствата од минатите сезони, кога се остануваше само на ветувања кои во септември лесно се забораваа.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион