Охрид во декември на плус 15 Целзиусови степени

Од:

Денешниот сончев и пријатен ден, со температурa невообичаенa за овој период од годината, нешто пониска од 15 Целзиусови степени, измами многумина охриѓани на пријатна крајезерска прошетка, пренесе Мета.

Тука беа и не бројните гости, главно, од соседните земји – Албанија, Бугарија и Србија.

Езерскиот кеј за момент оживеа. Шетачите, се насладуваа на мирната езерска шир, мноштвото галеби, како и групата прекрасни лебеди, за радост на сите, пред сè, на младите.

Последните дождови малку ја поправија и хидролошката слика. Имено, нивото на водата во Охридско Езеро, испразнето во летните месеци, во моментов е на кота од 693,21 сантиметри, односно само четири сантиметри над нултата позиција.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија