Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Од:

В​о текот на вчерашниот ден доставивме барање до Министерство за култура (Секторот за заштита на културното наследство), Управа за заштита на културното наследство и Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, за итна привремена заштита на куќа​та на улица „Димитар Влахов“, сместена во непосредна близина на старото градско јадро на Охрид (зона III-a согласно Планот за управување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион со Акциски план 2020-2029), велат од Охрид SOS.

Во нивниот допис се вели:

– ​Во барањето наведовме дека станува збор за исклучително вреден примерок од т.н. еклектична градска архитектура од периодот меѓу двете светски војни (поточно од 1927 година), со уникатни архитектонски обликовни и декоративни елементи, какви што се сочувани во мал број не само во Охрид, туку и пошироко во Македонија. Затоа, шокантно е што овој објект досега не бил заштитен согласно Законот за заштита на културното наследство, со што би се обезбедило неговото сочувување и за следните генерации, како дел од Исклучителните универзални вредности на Охридскиот Регион како светско културно и природно наследство, впишано на листата на светско наследство на УНЕСКО. Дополнително, куќата претставува дел од една потенцијална заштитена амбиентална целина, во која припаѓаат слични куќи градени во истиот период долж оваа улица, како и на улица „Даме Груев“, во центарот на Охрид.

Исто така, потсетивме дека согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион (2020 – 2029), за оваа зона се предвидува: „Во оваа зона ќе се применува мерката на урбана реконструкција, односно воспоставување состојба која ќе ги подобри условите за живеење и работа. При уредување на просторот прифатливи методи се обнова на постојните и изградба на нови градби со почитување на амбиенталните карактеристики на целината, традиционалните форми, карактеристиките на пејзажот и хармонијата на целината.“ Планот забранува окрупнување на градежни парцели, токму за да се превенира изградба на габаритни објекти. Исто така, новите градби треба да имаат: „габарит кој е усогласен со контекстот и не ја нарушува визуелната перцепција кон целината Старо градско јадро“ и „силуета која го почитува традиционалниот локален карактер и силуетата на просторот каде се градат.“

Не смее да се испушти од вид и дека куќата се наоѓа во непосредна близина на неколку значајни јавни објекти од здравството (Маларична амбуланта), социјалната заштита (Пензионерскиот дом, дело на архитектот, проф. Живко Поповски) и од образованието (градинката „Јасна Ристеска“, од архитектите В. Поп-Стефанија и Д. Зарчев; гимназијата „Св. Климент Охридски“, како и ООУ „Григор Прличев“, дело на архитектот Љ. Најденов), со кои сочинува една веќе оформена архитектонско-урбанистичка целина.

Имајќи го предвид сето понапред наведено, побаравме, согласно нивните ингеренции, ВЕДНАШ ДА ГО СОПРАТ ПОНАТАМОШНОТО ОШТЕТУВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ и инсистираме веднаш да донесат Решение за негова привремена заштита согласно член 39 од Законот за заштита на културното наследство (Сл. Весник на Р. М. бр. 20/04), по што истиот би подложел на постапка на валоризација и ставање во функција во согласност со неговата природа и вредности како добро од јавен интерес.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски