Охрид SOS: Продолжува расфрлањето опасни отрови на бреговите на езерото

Од:

Активистите од Охрид SOS информираат дека во текот на вчерашниот ден се пронајдени мртви или во фаза на умирање неколку животни во селото Радожда близу Струга, меѓу нив и еден лебед. Животните се жртви на незаконско расфрлање отрови. Тие бараат од надлежните институции да ги фатат сторителите на овие кривични дела.

Од Охрид SOS се згрозени од последните труења на животни во Охрид и Струга и се сериозно загрижени за незаконското расфрлање отрови на територија каде живеат ретки и ендемски видови флора и фауна од огромно еволутивно значење и кои играат огромна улога во опстанокот на локалните екосистеми.

„Во последните неколку месеци низ повеќе населени места во Охрид и Струга бевме сведоци на зачестени случаи на незаконско расфрлање отров- пестициди и инсектициди кои во Р.Македонија може да ги купи и дете во количина доволна да отруе цел град. Последиците од отровите беа полумртви и мртви бездомни и домашни кучиња и мачиња, а последната жртва е и еден примерок на нем лебед во селото Радожда.

Загрижени сме за последиците кои овие очигледно високо токсични отрови можат да ги имаат врз останатите диви видови кои се дел од уникатниот екосистем на Охридското Езеро. А бидејќи сите видови се блиску поврзани и дел од еден сложен ланец на исхрана, последиците можат да бидат погубни и за луѓето кои ловат риби од езерото за храна. На езерото има и птици преселници кои отровот можат да го пренесат и преку границите на државата.

poisonedcatnearby

Целата состојба станува уште поопасна поради својството за лесно продирање во подземните слоеви на почвата кое го имаат одредени видови отрови и на кој начин би можеле да ја контаминираат водата за пиење во регионот. Испарувањето на езерото би го донел отровот во контакт со атмосферата каде преку дождот би можел да контаминира и зарази поголема површина и да предизвика вистинска еколошка катастрофа.

Заради овие причини бараме од надлежните институции да реагираат брзо и навремено, да ги фатат сторителите на делото незаконско расфрлање отрови на јавни површини и да спречат идни вакви активности. Бараме од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија веднаш да реагира за случајот на труење на заштитен див вид во републиката- немиот лебед.

Испраќаме АПЕЛ до граѓаните да бидат одговорни и совесни и доколку имаат некои сознанија за труењата да пријават во надлежните институции.“, се наведува во реакцијата на Охрид SOS.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он