„Екстремни албански групи за подгревање на меѓуетничките тензии од Косово, се пристигнати во Македонија“, објави ОхридСкај.
Посебно групи од Косово кои биле и поранешни инсталации на Милошевиќ и на српската војска на чело со Генерал Аџиќ, според порталот, треба да изведат сценарио за поделба на Македонија.
Дел од старите српски инсталации ги радикализираат Македонците, а дел од тие инсталации биле на Косово и се со стари релации со Белград и подземјето, пишува порталот.
ОхридСкај, од странски безбедносни агенции дознава и дека старите српски инсталации во Скопје се активирани во целост за создавање на меѓуетнички проблеми во земјата.
Според порталот, имаат и логистика од власта од делот на блиските во ВМРО-ДПМНЕ, се со цел заострување на меѓуетничките тензии, федерализација и поделба на Македонија, со што би се довело и прашањето за опстанок и на Косово и Босна и Херцеговина.
„Делот на навивачите преку релациите со КОС, Црвена Ѕвезда и Партизан старите удбашки дувла ќе бидат организатори на тепачки и нереди. На маса е и босанско сценарио“, пишува ОхридСкај, кој повикува на будност.