Охрид се соочува со голем срам поради Охридскиот маратон

Од:

Охрид се соочува со голем срам поради се поголемата веројатност Охридскиот пливачки маратон да не се одржи иако е закажан за 19 август. Дел од пливачите веќе пристигнаа во Охрид,со цел да се аклиматизираат на градот и езерото.

Техничкиот организатор клубот Охридски бранови од Охрид и Пливачка федерација на Македонија неможат да ги усогласат ставовите. „Охридски бранови“ не отстапуваат од барањето да им биде исплатен и долгот од минатата година во висина од 280.000 денари, а не како што понудиле од Пливачка федерација на рати, по цена маратонот и да не се одржи.

Соочени со искуството од минатата година,сега нема да дозволиме повторно да ни се случи истото кога немавме пари за исплата на техничкиот персонал кој работеше на организација на маратонот вели Никола Маленко од клубот „Охридски бранови“.

Тој вели дека се целосно подготвени да го спроведат маратонот како што треба но оти проблем се парите и ако потребниот износ од 20.000 евра за техничка организација и долгот од минатата година легнат до петок на нивна сметка маратонот ќе се организира.

Инаку за годинешниов Охридски пливачки маратон пријавени се 32 пливачи од 12 држави помеѓу кои и десеткратниот победник бугаринот Петар Стојчев. Своето доаѓање во Охрид го најавиле и фаворитите за освојување на првото место Дамјан Блаум од Аргентина,Андреа Волпини од Италија. 19 пливачи се пријавени во машка конкуренција , а 13 во женска конкуренција. Својот настап го најавиле и 7 македонски пливачи помеѓу кои и Евгениј Поп Ацев и Томи Стефановски.

Наградниот фонд е 25.000 американски долари.Упатените велат дека ако наградниот фонд се врати повторно на 30.000 долари,тогаш во Охрид ќе дојде целиот крем на маратонското пливање. Но и самото тоа што има голем интерес за маратонот доволно зборува дека Охридскиот маратон е се уште атрактивен за маратонските пливачи.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски