Охрид: Се делат пари, брашно, закани и уцени

Од:

Од Сојузот за иднината во Охрид обвинуваат за притисок врз граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори на 24 март.

„Ги повикувам службените лица, министри, директорите од Охрид да не си играат со граѓаните, да не им се закануваат на граѓаните. Вчера се делеа пари по неколку охридски населби.

– Се делеа пари по улиците 7-ми ноември, Охридски бригади и по сите населени места. Исто така се делат дрва и брашно. Но тоа им го простувам нека им делат на граѓаните. Директорот на Националниот парк Галичица се заканувал на шумарот од Љубаништа дека не само што треба да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, туку и ако не работи за ВМРО-ДПМНЕ веднаш му бил подготвен отказот“, рече Александар Петрески.

„Ангел Јанев на сите ученици кои се поминати низ неговот приватно школо Пи-Си е пуштен мејл да гласаат за листата и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Поголема злоупотреба каде од ова? Дојдени се инспекциски служби од УЈП од Битола хараат и затвораат дуќани низ Охрид“, рече Петрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?