Охрид-Преспа со сертификат од УНЕСКО

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и министерот за животна средина на Албанија Лефтер Кока денеска во Корча, Република Албанија, ќе се обратат на инаугурацијата на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа, каде ќе се изврши официјално предавање на сертификатот потпишан од страна на генералниот директор на УНЕСКО.

Стануза збор за номинација на прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа, која беше одобрена од Меѓународниот совет на УНЕСКО за програмата „Човек и биосфера“ (МАБ), на 26-тиот состанок одржан во Јончепинг во Шведска, во јуни оваа година кога тој беше прогласен за 14.по ред Прекуграничен Биосферен резерват во светот.

Церемонијата ќе се одржи во присуство на претставници на националните парламенти, општините, претставници на меѓународните организации и претставници на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ