Охрид прати полиција и работници кај угостителите кои не ги урнаа платформите во дадениот рок

Од:

Градежите работеници најмени од Општина Охрид повторно излегоа на терен, откако истече рокот што им беше даден на угостителите за да ги отстранат нелегално поставените платформи. Со асистенција на полицијата, неколку градежни работници ги отстрануваат железата кои останаа во езерото, а беа дел од платформите на кафулињата. Екипите на Општината и претходно беа на овие локации, но кратко по пристигнувањето беа повлекувани. Угостителите бараа од градоначалникот Константин Георгиевски сами да си ги урнат дивоизградените објекти. Прекинот во уривањето траеше повеќе од три месеци.

Од Општина Охрид велат дека дел од угостителските објекти кои имале добиено известувања за извршување постапиле по истите, а пак за останатите денес се испратени работници и полиција за асистенција.

„Градежните инспектори при општина Охрид заедно со екипите кои се ангажирани за спроведување на акцијата пристапија кон тековни активности поврзани со отстранување на дивопоставените платформи од угостителските објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста ‘Ј’но’ до населбата ‘Канео’“, потврдија од Општина Охрид за „А1он“. Општина Охрид најави дека за интервенцијата на полицијата, како и градежните работници, ќе достави фактури до правните и физички лица чии објекти беа отстранувани.  Дивопоставени платформи во водите на Охридското Езеро има речиси секој угостителски објект што е лоцаран на крајбрежјето.

По повеќе години, но откако јавноста побара веднаш да се преземат конкретни чекори, а УНЕСКО препорача да се врати првобитниот изглед на градот, Општината почна па прекина да урива дивоградби во градот.

„А1он“ веќе објави дека Охрид нема пари за уривање нови дивоградби. Пред две недели оттаму изјавија дека сите пари предвидени за уривање се потрошени, иако градежните работници не урнаа ниту еден објект. Градоначалникот Константин Георгиевски за уривањето предвиде 25 илјади евра, а на забелешките дека сумата е ниска за уривање на над 1.000 дивоградби – тој најави дека поддршка ќе добие и од Владата.

Би можело да ве интересира

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски