Охрид под снежна покривка до 20-тина сантиметри

Од:

Охрид од синоќа е под снежна покривка која утрово достигна 20-тина сантиметри, а екипите на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистувањето на снежните улици.

Директорката на „Охридски комуналец“ Елена Скрческа вели дека се интервенира со целата работна сила на претпријатието, а во расчистувањето се вклучени и охридската противпожарна единица, како и останатите служби на локалната самоуправа од Охрид.

– Интервенираме со  22 возила со нож, како и со две возила на претпријатието „Проаква“. Синоќа и ноќеска се расчистуваа сите улици, а истото се прави и во текот на денешниот ден. Штом ќе завршиме со чистењето,  повторно ќе ги посипиме улиците со сол и ризла што ја имаме во доволно количество, вели Скрческа.

Екипите на јавното претптријатие „Охридски комуналец“ интервенираа и во охридските планински села Елшани и Велестово каде се расчистуваа патиштата кои од таму водат кон Охрид.

Од тежината на снегот во Охрид попуштија и старите бандери. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, забележани се оштетени возила, но и кабли, а се искрпшени и многу дрвја и гранки.

Поради големи дефекти на два далноводи на МЕПСО од Ресен кон Охрид и од Вруток кон Шпилје, електричната енергија во целиот град беше во прекин синоќа цели пет часа, а денеска струја немаше од 7 часот и 30 минути до 9 часот и 20 минути.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид