24 села од Дебарца со околу 2.000 жители целосно отсечени од цивилизацијата

Од:

Снегот кој од утрово паѓа во регионот на Охрид и Струга од цивилизацијата отсече голем број села и жители. 24 села со околу 2.000 жители од регионот на општина Дебарца според нашите информации се целосно отсечени од светот.

Патните правци за повеќе населеми места се непроодни, а поголем дел од селата веќе трети ден немаат струја, а во прекин се и телефонските и мобилните врски. Во меѓу време ЕВН прави напор за оспособување на далекувод во близина селото Ботун, а се прават напори за пробивање и на некои од патните правци.

Во општина Охрид во поголемиот дел од приградските населби е отежнато движењето но се расчистува теренот и се пробиваат патните правци до селото, а во некои од селата има повремени прекини на струја.Патниот правец до Свети Наум е исчистен само до селото Пештани, додека останатиот дел од патот кој води и до границата со Албанија се уште не е исчистен.

Во регионот на Струга селата од областа Малесија се целосно отсечени,селата Боровец, Јабланица, МОдрич и Дренок се исто така се надвор од цивилизацијата. Ова го потврдија и од локалланта канцеларија на Центарот за управување со кризи во Охрид.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски