Охрид му ја врати оградата од вила „Билјана“ на српското собрание

Од:

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и делагација од Северна Македонија денеска со претседателот на српското собрание Ивица Дачиќ извршија примопредавање на дел од железната ограда која своевремено го опкружувала парламентот во Белград. Уметнички обработената железна ограда била поставена во 1936 до 1956 година кога е отстранета, а денеска вратениот дел се наоѓал во вилата Биљана во Охрид.

Како што објасни Дачиќ, Србија се интересирала за судбината на оградата уште на средбата со министерот Бујар Османи во Белград, поради намерата оваа година да се одбележи 85-годишнината од првата седница што се одржала во Собранието.

-Јас му се заблагодарувам на министерот Бујар Османи, на градоначалникот на Охрид и амбасадата, што така бргу реагираа. Во последно време имавме еден низ чекори кои сочинуваат севкупно една коцка во мозаикот кои ја покажуваат вистинскат слика како нашите односи треба да бидат, братски и пријателски и би сакал така да останат и понатаму, изјави Дачиќ.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, изјави дека примопредавањето на дел од оградата е знак на пријателство меѓу двата народа и ги покани граѓаните на Србија да го посетат Охрид.

-Ова е гест на пријателство и поврзување помеѓу двата народи и унапредување на соработката помеѓу Охрид и Република Северна Македонија со Република Србија, како на полето на културата, туризмот, бизнисот и секако на зајакнување на политичките односи меѓу двете држави.

Георгиевски потенцираше дека во Охрид ќе биде донесена одлука сите посетители од Србија да бидат ослободени од плаќање паркинг во тој град.

Посетата на македонската делегација продолжува денеска и утре со средби на градоначалникот Георгиевски и директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот Љупчо Јаневски на Министерството за туризам и трговија на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нови детали за несреќата во Белград, меѓу повредените и две деца

ВИДЕО: Трамвај излета од шините и удри во зграда во Белград, има повредени

Катерина Ѓуровски

Горат најмалку три сплавови на Ада Циганлија во Белград

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Авион од Хургада принудно ќе слета во Белград