Охрид: Јавните претпријатија на терен, се санираат последиците од невремето

Од:

Кризниот штаб и јавните претпријатија на Општина Охрид викендов се постојано на терен и се санираат последиците од невремето кое го погоди регионот.

Екипите го чистат коритото на Коселска река на потегот кој е блокиран од ѓубре и дрвја. Се работи на санирање на овој дел и на делумно проширување за да се овозможи нормален проток на водата.

Екипи на МЈП Проаква се на терен на потегот на Булевар Железничка каде исто така се санираат настанатите штети од поплавите предизвикани од обилните врнежи на дожд, кои според последните мерења се искачија до над 13 литри на м2.

Екипите на Јавните локални претријатија вчера ги санираа и оштетувањата од паднатото дрво кај црквата Св. Софија, а претходно помогнаа и при двете опожарени куќи во Месокастро.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство