Охрид го одбележува Светскиот ден на срцето

Од:

Општина Охрид и Заводот за кардиоваскуларни заболувања денеска со повеќе активности ќе се вклучат во одбележувањето на Светскиот ден на срцето.

Централниот настан се одржува на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ каде во периодот од 9 до 13 часот во поставениот шатор лекари од Заводот за кардиоваскуларни заболувања ќе вршат основни прегледи на заинтересирани граѓани, со мерење крвен притисок, ЕКГ и совети за правилен живот како превентива од кардио-васкуларни заболувања.

Заводот за кардиоваскуларни заболувања е првата здравствена институција што се вклучи во одбележувањето на овој ден, а трета година по ред активностите ги спроведува во соработка со општина Охрид. Во акцијата активно ќе учествува и градоначалникот Никола Бакрачески, кој како лекар исто така ќе ги прегледува охриѓани.

Светскиот ден на срцето – 29 септември, има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочните удари се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17,3 милиони изгубени животи годишно. Секоја година одбележувањето на овој ден има различно мото што рефлектира клучни прашања и теми поврзани со здравјето на срцето. Годинашното мото е „Создавања на околина за здраво срце“. Пораката е дека местата во кои живееме, работиме, се забавуваме не треба да ги зголемуваат ризиците за кардиоваскуларни заболувања.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија