(ФОТО) Охрид: Се е подготвено за нов Гинисов рекорд во рибја чорба

Од:

Се е подготвено во Охрид да биде срушен Гинисовиот рекорд во најмногу приготвена рибја чорба. Учениците од Средното Угостителско училиште „Ванчо Питошевски“ од Охрид заедно со професорот по готварство Блаже Јорданоски завршија со сите подготовки.

Останува уште утре во 8 часот казанот специјално донесен за оваа намена да се запали и да почне варењето на чорбата која треба да биде готова до 14 часот.corba_5

За квалитетна чорба набавени биле 700 килограми риба, од кои 500 килограми се лосос и 200 килогрмаи се ослич. Потребни се и 110 литри масло, 100 килограми брашно, 2500 литри вода, 140 килограми морков, целер 50 килограми, 200 – 250 туфчиња магдонос.Треба да бидат приготвени 3,3 тони чорба.corba_1

„Вчера започнавме со варење на рибата, затоа што е многу голема количина. Навистина се работи за голема количина која што ќе се изработи овде во училиштето“, рече професорот Јорданоски.corba_3

Целиот чин на приготвување на рибјата чорба ќе се снима со неколку камери.Снимките потоа ќе бидат испратени во Гинис каде ќе се одлучува за рекордот.Ќе се дели на охриѓани, гостите, во хотелите, во општата болница и на социјалните случаи.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари