Охрид ги заокружува свеченостите во чест на Свети Климент Охридски – Патронот на градот

Од:

Со низа активности денеска продолжија чествувањата на светецот Свети Климент Охридски – Патронот на градот.

Делегации на општината предводени од градоначалникот Никола Бакрачески и на некои од збратимените градови на Охрид, утрово присустуваа на свечената богослужба во црквата посветена на Свети Пантелејмон и Свети Климент на Плаошник.

Како дел од чествувањата во Центарот за култура „Григор Прличев“ во организација на Амбасадата на Австралија беше отворена ликовната изложба, „Богатството на духот“ од домородни австралиски уметници.

Празнувањата продолжија напладне на Градскиот плоштад пред споменикот на Свети Климент Охридски, каде делегациите на локалната самоуправа, на политичките партии, здруженија на граѓани и од збратимените градови положија цвеќе.

Во рамки на активностите попладнето беше предадено во употреба и новоизграденото игралиште за фудбал на вештачка трева, како дел од СРЦ „Билјанини извори“.

Вечерва од 19 часот во галеријата на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на дела од роднокрајни ликовни уметници, а прославувањето на патрониот празник ќе биде заокружено со Свечената академија, на која ќе бидат врачени највисоките општински признанија, наградата и повелбата „Св. Климент Охридски – Патрон на градот“, што оваа година им се додделени на уметникот Јордан Манасиески и постхумно на фолклористот Слободан Крлески. 

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари