ВИДЕО: Охрид ги урива платформите во езерото на „Момир“ и „Ликвид“

Од:

Општина Охрид ја интезивира акцијата за рушење на дивоизградените објекти во градот. Од утрово, две екипи со работници уриваат платформи на угостителски објекти на кејот од Охридското Езеро. Дивоизградените платформи имаат решение за уривање, бидејќи се поставени противправно и влегуваат во езерото. По повеќе години, но, откако јавноста побара веднаш да се преземе конкретни чекори, а УНЕСКО препорача да се врати првобитниот изглед на градот, Општината втора недела урива објекти во градот.

Двата објекти чии диви платформи се уриваат, се наоѓаат веднаш до кафе-барот „Аквариус“ чии сопственици по сопствена иницијатива сами ја отстранија нелегалната градба пред неколку денови. Градоначалникот Константин Георгиевски побара од останатите угостители кои имаат дивоградби да го следат овој пример, но никој од нив не сметаше дека летните тераси претставуваат проблем за УНЕСКО статусот на Охрид. По ова, градот се впушти во акција и веќе втора недела се руши во Охрид.

На терен присутна е и полицијата, која со комбе ја блокира улицата „Коста Абраш“ на која се наоѓаат двата објекти. На влезот од кафе-барот „Ликвид“ поставен е и натпис ‘Се изведуваат градежни работи’.

До крајот на денот, платформите поставени во езерото на ресторанот „Момир“ и кафе-барот „Ликвид“ ќе бидат целосно отстратени. Потоа, Општина Охрид ќе треба да изготви трошковник за уривањето, а фактурата ќе треба да ја платат сопствениците кои граделе без да го почитуваат законот.

Уривањето објекти во Охрид започна минатиот петок. Во Охрид се идентификувани 1.076 дивоградби, а во заштитеното централно подрачје 409. Меѓу нив е и пицеријата и бетонската база на охридскиот советник Нефи Усеини.

Проблемот со дивоизградените објекти во Охрид е напластуван со години наназад, а последен пат нивно отстранување имаше во 2003 и 2004 година, смета градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, кој вели дека оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Според него, овој проблем не може да се реши во рок од неколку дена, туку битката во справувањето со бесправно изградените градби ќе трае неколку години.

Акцијата за остранување на дивоизградени објекти на подрачјето на Општина Охрид се одвива во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последната сесија на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Пендаровски ги посети армиските нуркачи во Охрид

А1он

Охриѓанец тешко повреден откако паднал од моторцикл

Ландов

Уметникот и хуманист Мајкл Клос подарува свои дела за охридската Општа болница

Ландов

Откажани концертите во Охрид викендов, општината не го дава стадионот

А1он

Четири лица тешко повредени во сообраќајка пред Охрид, уште еден повреден од превртен камион

Кристијан Ландов

Десетмина охридски угостители добија казни од по 7.000 евра за бесправно изградени тераси и шанкови

А1он