Охрид ЅОЅ: Ќе изгубиме три национални богатства заради нечии приватни интереси

Од:

Активистите на Охрид ЅОЅ известуваат дека јавна расправа за предлог-измените на планoт за управување со националниот парк Галичица за период 2011-2020 е закажана за 4. јануари, што е спротивно на сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста ,кога станува збор за добра од јавен интерес.

„На праг сме да изгубиме три национални природни богатства со еден замав. Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк Галичица подразбира отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина со цел изградба на Ски-центар, експресен пат и туристички-развојни зони на брегот на Охридското езеро.

Овие огромни градежни зафати во срцето на Галичица се закануваат да го уништат уникатниот биодиверзитет на Галичица, а домашни и странски експерти во повеќе наврати потврдија дека уништувањето на планината би значело и бавно уништување на Преспанското и Охридското езеро – две од три природни езера в Р.Македонија.

nacionalniparkovi (1)

И за се ова се одлучува без да се земе предвид мислењето на граѓаните! Би сакале да потсетиме дека граѓанската иницијатива Охрид SOS заедно со повеќе граѓански организации зема учество на јавната расправа која се одржа на 11.09.2015 во простприите на ЈУНП Галичица, а на 28.09.2015 испративме и свои коментари кон ревидираната стратегиска оценка на животната средина за предлпг- измените во Планот за управување со Националниот Парк Галичица.

До денес, 30 декември 2015, немаме добиено никаков одговор од надлежните институции.

Сакаме јавно да прашаме дали можноста за коментари од страна на граѓаните е само сурова шега на наша сметка? Дали некој воопшто ги чита овие коментари? Или одлуките се однапред донесени без знаење на јавноста и во интерес на приватни интереси?!

Бараме итно поместување на временската рамка за консултации со јавноста, при што предлагаме истата да трае во период од 11.01.2016 до 11.02.2016 година. Во овој случај се избегнув поклопување на период на консултации со новпгпдишните и божиќните празници. Бараме во
најбрз можен рок да ни се испрати одговор на коментарите испратени до ЈУНП Галичица на
28.09.2015.

nacionalniparkovi (3)

Ваквите барања се засновани на Архуската конвенција – меѓународен документ со кој на јавноста и се овозможува пристап до информации, учество во носењето одлуки и пристап до правда во областа на животната средина. Таа е ратификувана во Собранието на Македонија во 1999 година.

Конвенцијата вели дека засегнатата јавност мора да биде информирана со јавно известување или поединечно, на почетокот од процедурата на одлучувањето по прашањата на полето на животната средина и, на адекватен, навремен и ефикасен начин.

Со игнорирање на нашите коментари и барања и објавување на период на консултации и одржување јавна расправа за време на новогодишни и божиќни празници државните институции директно и јавно ги прекршуваат одредбите на овој меѓународен документ кој се бврзале да го почитуваат во моментот на ратификација.

Поради својата исклучителна биолошка разновидност со меѓународно значење в 2014 г. НП Галичица стана дел од Светската мрежа на прекугранични биосферни резервати на УНЕСКО, еден од 31 такви бипсферни резервати во светот.

nacionalniparkovi (4)

Галичица е поврзана со двете езера преку подземни извори. Нејзиното уништување ќе значи уништување на двете езера – Преспанско и Дојранско.

За крај би сакале да го изнесеме мислењето на д-р Бернд Вагнер од Универзитетот во Келн, човекот кој најтемелно ги истражуваше длабочините на Охридското езеро и прв дојде до заклучокот дека токму ова е најстарото езеро на Европскиот континент и кој постојано ни пишува за болката кога гледа како се уништува.

„Охридскотo езеро е едно од најразновидните езера во светот, и најистакнато од сите стари Европски езера. Се карактеризира со најголем број ендемични видови по површина од било коестаро езеро во светот. Уништувањето на бреговите на езерото и појасот трска со градежни зафати и зголемена инфраструктура, како и пораст на туризмпт ќе предизвика уништување на поголеми делови од живеалиштата на уникатната фауна на Охридското езеро.“, стои во соопштението од активистите на Охрид ЅОЅ.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on