Охрид бара повлекување на одлуките за аболиција

Од:

Собирот почна на плоштадот „Македонија“, а демонстрантите продефилираа низ Охридската чаршија се до Градскиот плоштад, а маршот низ центарот на градот го заокружија пред зградата на Основиот суд, пренесува МИА.

„Главните барања се повлекување на одлуката за аболиција, оставка на претседателот Иванов и одложување на изборите, рече Вероника Стефаноска, активист на „Протестирам“.

Иако беше најавено дека активистите на „Протестирам“ после собирот од кај Чинарот ќе се упатат и кон општинската зграда, тие се откажаа од таквата намера за да се избегне контакт со активистите на ГДОМ, па својот протестен марш го пренасочија кон Градскиот плоштад и кон зградата на Општинскиот суд.

Полицијата постави физички препреки на повеќе улици во центарот на Охрид, за да се превенираат несакани ситуации или блиски средби меѓу припадници на двата табори.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија