Интересна и значајна е битката која ќе се води за мнозинство и превласт во Советите на општините.
Според досегашните резултати добиени од Државната Изборна комисија во поголемите градови каде што доби градоначалнички места, СДСМ го има и мнозинството во Советите, што ќе значи нормално функционирање на општината.
Но интересна е ситуацијата во Штип. 36 гласа е разлика во корист на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ. Но советничката листа на СДСМ има 13 471 глас, а на ВМРО ДПМНЕ 12 973 гласа.
Слична е ситуацијата и со Кавадарци. Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ е во предност но советничката листа на СДСМ има 10 538 гласа, а на ВМРО ДПМНЕ 9 146.
Во Бутел е обратна ситуацијата. Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ има 7 754 гласа, а на СДСМ 7 558 гласа.
Во Центар, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Карпош на ниво на Град Скопје убедливо е водството и мнозинството на СДСМ во Советите.
Во Гостивар според досегашните резултати од ДИК, Невзат Бејта од ДУИ има 12 095 гласа, а Таравари 11 600 гласа. Тука најверојатно ќе има и втор круг на гласање. За Советот ДУИ има 8 429 гласа а Алијансата на Албанците има 6 822 гласа. Во Советот влегуваат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со над 4 500 гласов.
Тесна битка се води за Кисела Вода, но со 561 глас подобра е СДСМ.
Во Струга, Алијансата на Албанците која го доби и градоначалничкото место, освои 7 789 гласа за Советот, втора е СДСМ со 7 143 гласа, а ДУИ е трета со 6 595 гласа.
Според досегашните резултати, во Советот на Тетово и Чаир доминантна ќе биде ДУИ но ќе има советници и од БЕСА, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.