Oграничена пловидба на скутери и чамци по езерата

Од:

Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски најави промени околу движењето на пловните објекти, но за тоа конкретно откако ќе заврши обележувањето.

– По обележувањето ќе следат промени во режимот на пловидба, но конкретно ќе се знае кога ќе заврши обележувањето, изјави Устијаноски за МИА.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според него, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра, но Устијаноски нагласи дека најпрво ќе постапуваат едукативно и превентивно со советување.

– Постојат прекршоци за кои веднаш можеме да издадеме забрана, веднаш да сакнционираме, но постојат некои недостатоци каде можеме да посоветуваме, да дадеме рок до кога може да се средат отстранат недостатоците. Доколку тој рок не се испочитува тогаш стапува на сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба, појасни Устијаноски.

Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките