Ограбени две цркви во Гостиварско

Од:

Непознати сторители извршиле тешки кражби во црквите „Свети Петар и Павле“ во Долна Бањица и „Свети Ѓорѓија“ во Здуње, Гостиварско, информираат од СВР Тетово.

– Крадците, најверојатно синоќа со насилно отварање на споредната влезна врата на храмот во Долна Бањица, влегле во бањичката црква и од местото за продажба на свеќи ги собрале парите кои биле оставени. Тие, исто така, ја отвориле и влезната врата од помошниот објект на црквата, но таму ништо не одзеле, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Јосифоски потврди дека, исто така, непознати сторители насилно провалиле и во црквата „Свети Ѓорѓија“ во селото Здуње. Најпрво го отстраниле катинарот од металната заштитна решетка, потоа ја скршиле цилиндер бравата на дрвената влезна врата и по пребарувањето на внaтрешноста на објектот од масичка за продажба на свеќи одзеле помал сума на пари.

Екипи на СВР Тетово извршиле комплетен увид, пронајдените траги се дадени на вештачење и се превземаат активности за расветлување на сите поединости и за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски